Прескокни на содржина

За нас

Кои сме ние?

Зелената Арка е граѓанско здружение основано со цел да поттикне одржлив развој, активно граѓанство и култура на заедништво.

Зелена Арка Тим

Делуваме на пресекот помеѓу екологијата, културата и образованието, со фокус на локалната заедница и конкретни, видливи резултати.

Нашата работа е насочена кон создавање отворени простори за учење, соработка и размена на знаење, каде што граѓаните, уметниците, студентите и стручните лица заедно развиваат идеи и решенија за подобра и поодржлива животна средина.

Еден од нашите клучни проекти е Бостание — заедничка урбана градина и културно-едукативна платформа, во која екологијата се поврзува со уметноста, науката и секојдневниот живот.